Пеце Мирчески, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, на кого Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за четири кривични дела е приведен во полициската станица Кисела Вода, објави телевизијата Телма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од Финансиската полиција за истрагата за Мирчески, поранешниот директор на СОЗР на Владата
Според телевизијата заедно со него е приведен и сопственик на рент-а-кар сервис, опфатен со истата истрага.
Откако ќе дадат свој исказ во станица, тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески
Фото: Влада/Фејсбук/Мирчески