еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Терористот од Чаир, Абдул Јашари, стана министер во Сирија, во Македонија се поврзува со масакарот кај Смилковско Езеро

Речиси два месеци Абдул Јашари од скопски Чаир е дел од новата влада во Сирија, а македонската јавност дозна откако информацијата беше објавена од страна на српски informer.

До позицијата стигнал како командант на екстремистичката група „Џемати Албан“, мала група составена од етнички Албанци од Македонија, од Косово, Албанија и други делови на Европа.

Познат е и како Абу Ал Катада Албани, а доколку некогаш се врати во Македонија ќе се гони за учество во странска војска.

Пред да стане командант на „Џемати Албан“, важел за водач на „Фронтот Ал Нусра“, огранок на “Ал Каеда“ во Сирија.

Токму поради тероризмот тој е и на „црната листа„ на САД.

Телевизијата Телма пак објави дека во Македонија бил дел од истрагата за масакарот кај Смилковско Езеро во 2012 година кога беа убени четворица тинејџери и едно постаро лице.

Заштитен сведок го познал Јашари, но, полицијата и адвокатите од одбраната никогаш не го нашле на адресата во скопски Аеродром, ниту во Чаир каде е роден.

По масакарот Јашари исчезнал од Македонија и подоцна е утврдено дека е во Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кај кого се падна паричката во семејствата на Шекеринска, Филипче, Дескоска, Анѓушев…

Редакција

Приватните превозници ги тргнаа автобусите од „Илинденска“, ако нема договор за викенд од понеделник повторно блокади

Редакција

Пировска за Законот за амнестија: „Ќе си лежите! Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница