еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема промена на позициите на Македонија во поддршката на Украина, велат од МНР

Одлуките за спонзорирање и гласање за резолуциите на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) немаат и не треба да бидат толкувани како повлекување или промена на претходно изразените позиции – напротив – со нив Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација, изразувајќи силна солидарност и одговорност кон украинскиот народ и неговите напори за целосна заштита на територијалниот интегритет, суверенитетот, независноста, слободата и демократијата, велат од Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР).

Од Министерството посочуваат дека одлуките за поддршка на резолуциите во ОН се носени врз основа на темелно истражување и анализа на актуелните глобални надворешнополитички движења, утврдените позиции на влијателните меѓународни чинители, заложбата на земјава за зацврстување на мирот, безбедноста и просперитетот во светот, но и стратегискиот интерес за создавање стабилна позиција и градење поцврсти односи со партнерите.

„Во таа насока, особено се земени предвид и актуелните силни заложби на претседателот на САД и американската администрација за побрзо завршување на воените активности меѓу Украина и Руската Федерација преку водење ефективни и непосредни преговори, чија основна цел е што поскоро постигнување на траен мир и безбедност во Украина и поширокиот регион“, велат од МНР.

Оттаму додаваат дека како и во последните три години од војната, така и денес и во иднина, земјава ќе остане приврзана кон напорите на меѓународната заедница, особено на САД и ЕУ, за што побрз прекин на воените дејствија и обезбедување на траен и одржлив мир во Украина, но и пошироко во регионот и светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе ја подржи Резолуцијата на САД за Украина во ОН, а не на ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Титан Усје – пионер во имплементацијата на практики од циркуларната економија во земјава

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЈП за одржување на патишта за набавка на дизел гориво вреден 710.000 евра

Редакција

Пожарот кај Чешиново-Облешево, Пробиштип и Кочани е изгаснат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница