еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петровска ќе поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација

Пратеничката Славјанка Петровска најави дека ќе поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација поради изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која и упати лични напади базирани на нејзината семејна состојба.

„Ова не е заради мене. Она што денеска се случи во јавноста не е заради Славјанка Петровска, туку затоа што еднаш засекогаш мора да се стави стоп на ваквото однесување од страна на власта.

Дали јас добив навреда, јас не ја примив навредата. Дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена затоа што немам деца и немам семејство, апсолутно да.

Реакциите кои следуваа на јавноста не само на СДСМ по ова е тоа што всушност го вознемири ВМРО-ДПМНЕ, затоа што видоа дека отиде работата предалеку“, нагласи Петровска во гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизијата 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката за финансии Димитриеска Кочоска со навреда кон Петровска, не можела да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца

Лавина од реакции и осуда за Димитриеска Кочоска за навредата на Петровска

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен реновираниот Хируршки ургентен центар во склоп на ЈЗУ УК „ТОАРИЛУЦ“

Редакција

Седум починале дома: Од Ковид-19 починаа 18 лица

Редакција

Белгија има највисока стапка на смртност од Kовид-19 во светот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница