еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија

Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит, кој ќе се одржи од 3 до 4. март 2025 година, а ќе се одржи во Унгарија.

„Согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан.

Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади.

Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта,“ информираа од Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русите ги погодиле објектите на Украинската служба за безбедност и Центарот за информациско-психолошки операции во Киев

Редакција

(Фото) Зградата на општина Велес стана енергетски ефикасна

Редакција

(Видео) Првомајска забава на мечките на Шар Планина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница