еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ, со нов бронзен медал на турнир во Бугарија

Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на вчерашниот Г-1 Опен турнир во Софија, Бугарија.

Најдобрата наша спортистка, во својата категорија – 62 килограми, беше подобра од Ингрид Искандар Поетри од Сингаупр, совладувајќи ја со 2:0 во рунди.

Во следното коло, Милијана ја победи и Казахстанката Аиша Аделбикизи со 2:0 во рунди. Во полуфиналниот натпревар, нашата таекондо првенка изгуби од русинката Анастасија Банкова.

Ова се нови 3,60 поени за Олимписката и Светската ранг листа и нови поени за квалификации за Лос Анџелес 2028. Нејзиниот тренер Александар Ефтимов е среќен со новоосвените поени кои ја приближуваат Милијана до Олимпијадата во Лос Анџелес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Европа не чекала, рече во Собрание Фон дер Лајен, која убедува дека македонскиот јазик и идентитет не се загрозени

Редакција

Туризмот и културата во фокусот на „Отворен Балкан“, кој почнува денеска

Редакција

(Видео) Спасени лица и возило заглавени во снег кај Пониква

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница