еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Има уште две фази до промена на Уставот, пак ќе бидат потребни 80 пратеници

Гласањето во македонското Собрание за стартот на процесот за уставните измени, предвидени со договорот за името со Грција, кое предизвика лавина од позитивни и негативни реакции во јавноста и се уште е во фокусот не само на македонските, туку и светските медуми беше првата фаза од оваа процедура.

Сега следат уште две фази, а за завршување на целиот процес ќе бидат потребни најмалку три месеци.

Во периодот што следи Владата треба до Собранието да ги достави уставни амандмани за кои пак ќе се гласа. За да оваа втора фаза се заокружи во Собранието ќе бидат потребни гласовите на најмалку 61 пратеник, што мнозинството ги има и без пратениците од опозицијата.

Потоа следи јавна дебата и консултации, а за финалната трета фаза, во Собранието повторно ќе бидат потребни гласови на најмалку 80 пратеници или двотретинско мнозинство.

Премиерот Зоран Заев се надева дека во текот на процедурата ќе се зголеми бројот на пратеници кои ќе се застанат зад уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стартува промената на Уставот: Која е процедурата понатаму

„Македонија официјално го менува името“: Што пишуваат регионалите медиуми

Што пишуваат грчките медиуми за стартот на уставните измени

Веста за промената на името одекна во светските медиуми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Калајџиев за изборот на Абази: “Обвинителот што го “избраа” не го познавам, како што не ја познавав ни Катица“

Редакција

Починаа уште 8 пациенти од корона вирусот

Редакција

Каков имот пријавила Невенка Стаменковска Стојковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за заменик министер за информатичко општество и администрација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница