еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Факом лани работел со загуба

Факом АД Скопје лани остварил нето загуба од 198.460.894 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Лани во тој период Факом имал добивка од 69.974 денари.

-Ова се должи пред се на уште една турболентна година со нестабилно пазарно окружување. Изминатата 2024 година беше слаба економска година која треба брзо да се надмине.

Нарушувањето на ланците на снабдувањето предизвика раст на цените на материјалите, електричната енергија и другите енергенси т.е., инфлацијата предизвика рецесија на пазарот во Европската унија, додека во блиското окружување предизвика голем недостиг од квалификувана работна сила, која го забавува растот на компаниите, велат од таму.

Вкупните оперативни приходи на Друштвото изнесуваат 355.385.000 денари, а претходната година биле 1.094.054.000 денари.

Друштвото остварило оперативни расходи од 529.463.000 денари, кои се намалени споредено со претходната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милорад Белкоќески е нов претседател на УО и генерален директор на Факом

Факом со добивка од 500 евра во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков: Ми се допаѓа францускиот предлог, останувам на ветеното одлуката за Македонија да ја донесе бугарското Собрание

Редакција

Министерството за труд и социјална политика вработува 16 службеници

Редакција

Неколкукратно намалена добивката на „Гранит“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница