еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изменетиот Закон за медиуми, со кој онлајн медиумите ќе се регулираат, помина на Влада

Владата на денешната 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми.

„Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70% од јавноста се информира на интернет, со што онлајн медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување на саморегулацијата како битен сегмент за професионалното новинарско работење и зајакната конкурентност во медиумскиот простор.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми има за цел да ја зајакне конкурентноста во медиумскиот простор и да ги реши постојните проблеми со интернет порталите, преку поставување на правна рамка која ги препознава како такви, односно јасни правила за нивно основање и регистрација,“ велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има доволна количина на брашно за потребите на домашниот пазар, нема простор за паника кај граѓаните за непотребно купување, уверува Бектеши

Редакција

Драстичен раст: 398 нови случаи на Ковид-19 од 6.383 тестирања, најмногу во Скопје и Тетово

Редакција

Бугарското МНР разочарано од македонската Резолуција, внимателно ќе ја анализира содржината

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница