еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство предлага притвор за 10 лица од 48 часа, во врска со пожарот во дискотеката

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски информираше дека Јавното обвинителството ќе препорача притвор за 10 лица, од 48 часа, а под истрага се околу 20 лица.

„За десет лица ќе препорачаме притвор од 48 часа, со тоа што истиот може да се продолжи и до 30 дена ако има потреба“, изјави Коцевски.

Тој додаде дека за оваа несреќа ќе се стават на располагање сите капацитети на Обвинителството.

„Ќе ги ангажираме сите вештаци, ќе се истражи чија е одговорноста за трагедијата. Се бара вертикална и хоризонтална одговорност. Увидот нема рок, ќе трае додека не заврши“, додаде Коцевски.

Тој оцени дека пропустите се големи.

„Слободно можам да кажам дека се работи за ерозија на системот,“  вели обвинителот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Немало хидрант, резервниот излез за евакуација бил заклучен со катанец без брава: Хорор услови во т.н дискотека

Т.н. дискотека работела со фалсификувана лиценца, осомничени 20 лица помеѓу кои и поранешни функционери

Тројца малолетни лица починати, а повредени повеќе од 20 малолетници во пожарот во Кочани

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Бугарија ги формираше работните групи за соработка со Македонија

Редакција

(Видео) Џез варијанта на “Излегол невен Пејо по Шар Планина”

Редакција

Малку ли Ви се 222 починати за да почнете да верувате дека корона вирусот постои и да ги почитувате мерките?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница