еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат дизелот и мазутот

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата малопродажна цена на дизелот е 68,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ,68 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,916 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,345 денари.

Бензинот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 74,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 76,5 денари за литар.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 отсто во споредба со претходната пресметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон

Редакција

Каков имот пријавил Сашо Василевски, директорот на МЕПСО, кој Заев предлага да биде сменет

Редакција

(Видео) Мечка спасена од стапица за диви свињи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница