еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 203 се искачи бројот на повредени во пожарот во Кочани

Вкупниот број на повредени во пожарот во т.н. дискотека/кабаре во Кочани се искачи на 203 лица.

Вчера биле хоспитализирани шест нови повредени, пет биле примени на Клиниката за токсикологија, а еден повреден бил со комбинирани – респираторни проблеми и изгореници, информираше денеска директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Сашо Клековски.

Тој посочи дека се намалува бројот на критични пациенти, но како што рече далеку сме од моментот на нивно опуштање, затоа што сега почнува ризикот од инфекции и допрва претстои можно влошување на состојбата.

-Нема опуштање – затоа што како се намалува ризикот од акутните изгореници и респираторни повреди, почнува да расте ризикот од инфекции. Така што, борбата не е завршена, таа допрва претстои и можно е пациенти кои биле во добра состојба да им се влоши состојбата поради ризик од инфекција.

Оваа борба ќе биде долга и нема да биде решена ниту за една, ниту за две недели, рече Клековски, посочувајќи дека за двете состојби се прави мониторинг и редовни токсиколошки и микробиолошки анализи и во земјава и во болниците во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шестмина повредени во пожарот во Кочани се во многу критична состојба

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Никола Васев, директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој поднесе оставка

Редакција

На кои начини можете најдобро да се справите со неочекуваните ситуации како нов возач

Редакција

Барањата на Бугарија се дрски, ненаучни и нереални, вели Штајнакер, поранешната заменик германска амбасадорка во Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница