еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жената која беше тепана од насилник од Радовиш во живо на ТикТок, не сака да го гони кривично

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска потврдија е приведен насилиникот кој во живо на платформата ТикТок ја тепал сопругата, а видеото кое се рашири на социјалните мрежи ја згрози јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш во живо на ТикТок ја тепаше сопругата, јавноста згрозена, полицијата го приведе

Како што информираа од МВР, инцидентот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица бил пријавен во неделата, на 23. март, од страна на мајката на жената.

Било утврдено дека се работи за А.А. (35) од Радовиш, кој истиот ден во 09.20 часот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш.

Бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година.

-Бидејќи во конкретниот случај постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде во став 5 од истиот член стои дека гонењето се презема по поднесување на предлог за гонење, од жртвата било изјавено дека не сака да поднесе предлог и дека видеото било доставено од нејзината мајка, велат од МВР.

За настанот бил запознаен и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки биле преземени и понатамошните мерки.

-Врз основа на преземените мерки, од страна на ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш на 25.03.2025 година е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ученици – информатичари од Македонија освоија три медали на Балканската олимпијада во Атина

Редакција

Татко и син од Струмичко убиени во Швајцарија

Редакција

Детален преглед: Министерката Нина Ангеловска нема сопствен стан, но чува околу 300.000 евра во банки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница