еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Светиниколска Мода ги објави платите на членовите на Одборот на директори

Мода АД Свети Николе е една од ретките компании во Македонија која изминативе години редовно ги објавува примањата и надоместоците на членовите на Одборот на директори (ОД).

Според податоци од годишниот извештај на Друштвото, објавен преку Македонската берза, извршниот директор Ангел Димитров лани имал годишна нето плата од 2.096.801 денари, надоместок за членство во ОД од 184.485 денари и регрес за годишен одмор од 8.199 денари.

Неизвршниот директор Манфред Михалски имал нето плата од 583.417 денари, надоместок за членство во ОД од 245.980 денари и регрес за годишен одмор од 16.398 денари.

Неизвршниот директор Мара Саздовска имала нето плата од 262.404 денари и надоместок за членство во ОД од 274.485 денари.

Независниот член Владимир Стојанов имал нето плата од 858.323 денари, надоместок за членство во ОД од 120.000 денари и регрес за годишен одмор од 16.398 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мода“ од Свети Николе лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 447 оздравени од Ковид-19

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на МОН за сукцесивна набавка на гориво вреден 95.000 евра

Редакција

Пред година и пол хакери нападнале две најголеми банки во државава, откри Пендаровски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница