еМагазин
Image default
Бизнис

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

Како резултат на постојаните напори за подобрување на условите за своите вработени, „КАМ“ повторно ја доби наградата за најпосакуван работодавач во категоријата маркети во Македонија која ја доделува vrabotuvanje.com.mk, информираа од таму.

Манифестацијата замислена како „Оскари“ за работодавачите „Работодавач на годината“, се одржа во хотелот „Лимак“ во Скопје, каде јавноста ги одбра најпосакуваните компании за вработување во 2024 година, при што наградите се доделуваа врз основа на јавната анкета која се спроведуваше цела година.

– Оваа награда ни е од големо значење, што ни дава знак дека одиме во вистински правец при креирање и надополнување на нашата компаниска стратегија. Како компанија имаме точки кои ни се приоритет во секоја активност, а сатисфакцијата на вработените е една од приоритетните, што понатаму резултира и со задоволството на потрошувачите.

Секој член на нашето големо КАМ семејство е суштински дел од компанијата. Тој однос постојано го негуваме со цел заедно да растеме, велат од менаџерскиот тим на КАМ.

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените преку зголемување на платите и бенефициите, како и постојани обуки за професионален и личен развој на вработените, посочуваат од таму.

Организаторот најавува дека наградите ќе продолжат да се доделуваат секоја година, со цел да бидат мотив, признание и потврда дека Македонија има вистински добри работодавачи кои знаат и умеат да ги градат и почитуваат вистинските вредности, а со тоа и да бидат пример на пазарот за труд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од гевгелиската „7-ми Ноември“ за 150.000 евра

Редакција

Македонски Телеком склучи договор со Маѓар Телеком, вреден 600 илјади евра

Редакција

„Динамикс“ го доби тендерот на Градски паркинг – Скопје за набавка на скутери вреден 57.000 евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница