еМагазин
Image default
Свет

Експлозивни направи испратени до Белата куќа, семјствата на Обама и на Клинтон

Федералните власти ги испитуваат сомнителните пакети со експлозивни направи испратени до Белата куќа, до поранешниот претседател Барак Обама и поранешниот кандидат за претседател на демократите Хилари Клинтон, соопшти Тајната служба.

Сомнителен пакет испратен до Белата куќа бил пресретнат во објект надвор од локацијата.

Пакетот за Клинтон бил пронајден доцна синоќа, додека тој кој беше упатен до Обама беше пронајден рано денеска, и двата откриени за време на рутинската проверка на поштата.

Белата куќа, во соопштение, ги осуди обидите за напади врз Обама и Клинтон.

„Тие терористички дела се подли, и секој што е одговорен ќе се соочи со законот“, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

За истрагата е задолжен ФБИ.

МИА/Фото:White house

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајмуни кои беа вакцинирани со вакцина за Ковид-19 на универзитетот Оксфорд развиле антитела за 14 дена

Редакција

Уапсен екссоветник на Трамп за измама на донатори за ѕидот кон Мексико

Редакција

(Вознемирувачко видео): Застрелан терорист кој закла двајца минувачи во Лондон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница