еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството на почетокот на мај ќе почне со сослушување на повредени од пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство на почеток на следниот месец ќе почне со сослушување на повредени во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.

-Во зависност од здравствената состојба на повредените и останатите услови, според однапред утврдена динамика и распоред, Обвинителството навремено ќе ги извести сите засегнати лица за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување.

Процесот на испитување на оштетените се предвидува да започне од почетокот на мај, за што ќе следи дополнително известување, имајќи го предвид големиот број оштетени и засегнати лица кои ќе бидат испитани, информираа од таму.

Дополнително, во моментов се прибавуваат сите контактни и адресни податоци за оштетените од настанот и семејствата на настраданите, како и за нивните полномошници во постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се враќаат уште пет повредени во пожарот во Кочани од лекување од Србија, во странство остануваат 33

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир стигна до 363 активни случаи на Ковид-19, а Гази Баба до 148

Редакција

Налепници НМК “нема ни за лек”, граѓаните револтирани: Што сменија Грците, ни таблите со името?

Редакција

(ВИДЕО) „Свирете ја зајди, зајди“: Олгица Христовска и музичари се збогуваа со Драган Вучиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница