еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Дина Јашари со нов сингл „Градот“ – интимна ода за Скопје

Кантавторката Дина Јашари го објави својот нов сингл „Градот“, заедно со видео спот, со кој официјално го најавува нејзиниот нов звучен израз.

„Градот“ претставува нова етапа во музичкото патување на Јашари, откривајќи свеж звук кој ја зацврстува нејзината позиција на македонската, но и на пошироката балканска музичка сцена.

Песната е интимна посвета на Скопје, што е вешто пренесено преку визуелниот приказ на автентични локации од градот во видеоспотот, чиј автор е младиот видеограф Доан Акити. Дизајнот во видео спотот е дело на Васил Шемко.

 „Посветена на сите луѓе и места, присутни и за жал некои од нив отсутни, што му даваат смисла на ГРАДОТ,“ вели Дина за новата песна.

Во видеото се појавуваат и долгогодишните соработници и членови на нејзиниот бенд – Лука Тошев и Драган Теодосиев.

Текстот и музиката за „Градот“ се дело на самата Дина Јашари, додека во аранжманот и се придружуваат Лука Тошев и Драган Теодосиев, продукцијата е на Дина Јашари и Димитрије Марковиќ, миксот е на Драги Иванов, а мастерингот на Roy Recklies.

„Градот“ е достапен на сите дигитални платформи, а нови песни се очекуваат наскоро, носејќи уште повеќе искрени приказни и современи звуци што го рефлектираат растот и визијата на оваа извонредна млада артистка.

Фото: Фејсбук/Јашари

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Штипското кафуле Angels cafe украсено како од бајките: Живи и здрави сме и тоа е доволно да уживаме во најубавиот месец во годината

Редакција

Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп ќе дели дивиденда

Редакција

Изгласани и замениците министри во техничката влада

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница