еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Како беше обележан Националниот ден на Македонија на „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија, дојде и син на Кензо Танге

Во Осака, Јапонија, вчера беше обележан Националниот ден на Македонија на „ЕКСПО 2025“.

Свој настап имаше националниот ансамбл „Танец“, симболот на македонската култура и традиција, Македонија, а на македонскиот павилјон имаше и изложба посветена на јапонскиот архитект Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по разорниот земјотрес во 1963 година.

Меѓу присутните беше и негов син, Пол Танге.

Како што информираа од Министерството за култура гостите имаа можност и да дегустираат македонски специјалитети и вина, но и да се информираат за културните и туристичките потенцијали, како и за инвестициските можности што ги нуди нашата земја.

Во рамките на културната програма, предвидено е на Денот на независноста на Македонија, 8. Септември, да се одржи серија значајни културни претставувања, вклучително и настапи на Ана и Игор Дурловски, Кирил Џајковски и Владимир Четкар.

Фото: Министерство за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Прв комерцијален лет во вселената закажан за јануари 2022 година

Редакција

Неетички е јавно да се жигосуваат позитивните на Ковид-19, вели доктор Бабачиќ за одлуката решенијата за изолација да бидат јавни

Редакција

Поради коронавирусот ќе останеме без кондоми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница