еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Македонија бележи пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници (РБГ).

Лани бевме на 36 место, а оваа година сме на 42. позиција.

„Владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите.

Иако новинарите не работат во непријателска средина, широко распространетата дезинформација и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади“, се вели меѓудругото во извештајот, во кој се посочува и дека „финансиската независност на медиумите е неопходен услов за обезбедување бесплатни, веродостојни информации кои му служат на јавниот интерес“.

Македонија е во групата држави каде ситуацијата е „задоволителна“, во која се и Словенија (33. место) и Црна Гора (37. место).

Од другите земји од регионот, Србија е на 98. место, Босна и Херцеговина е на 86. место, Косово на 99. место, Албанија на 80., Бугарија на 70. место, а Грција на 89. место.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Лазаров за ковид-состојбата: Цехот за прославите на терен е веќе испорачан

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Маж ја продавал сопругата за кокаин, а потоа ја горел со цигари, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница