еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Промоција на новиот готвач на Dave’s Kitchen „Брзо и забавно готвење“ во Веро Џамбо – трета книга со рецепти на Давор Панчевски

Во Веро Џамбо, на 10. мај во сабота, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоцијата на новата кулинарска книга на Давор Панчевски, кај нас познат како Dave’s Kitchen.

Станува збор за неговиот трет готвач, „Брзо и забавно готвење“, издаден на македонски и англиски јазик, во две посебни изданија.

Оваа книга е посветена на сите љубители на готвењето кои сакаат да уживаат во подготовката на вкусни, лесни и брзи јадења, кои се подготвуваат за помалку од половина час. Авторот во ова дело објави 100 нови рецепти со кои покажува дека готвењето не мора да биде комплицирано за да биде неверојатно вкусно.

Посетителите на промоцијата ќе имаат можност да го купат новиот готвач, да дегустираат специјално подготвени јадења од рецептите во книгата, да се запознаат и да се советуваат со авторот и да уживаат во една убава атмосфера и вистинско кулинарско доживување.

-Поканата е отворена се сите љубители на вкусната храна кои ќе имаат можност да добијат инспирација за брзо и креативно готвење и да запознаат луѓе со слични интереси.

Забавата од кујната на Dave’s Kitchen в сабота во Веро Џамбо ќе биде незаборавно гастро искуство!, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стејт департмент: Скопје и Софија да продолжат со дијалогот за решавање на разликите

Редакција

Убиениот доктор во скопска Железара има повеќе убодни рани: Детали од Обвинителството

Редакција

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната да биде еднаква на минималната плата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница