еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

30-годишен скопјанец осуден за ширење омраза кон припадниците на ЛГБТИ заедницата

Постапувајќи по поднесен Обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик, информираа од Обвинителството.

-Пресудата е изречена на единствено рочиште врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот, кој прифати дека делото кое му се става на товар го сторил во време, место и на начин како што беше опишано во поднесеното обвинение.

Врз основа на тоа, Судот ја утврди како неспорна фактичката состојба дека сега осудениот на 26.02.2022 година, преку компјутерски систем во јавноста ширел репрезентации на идеи кои поттикнуваат омраза против маргинализирана група.

Од својот профил на социјална мрежа, 30-годишниот скопјанец коментирал на објави на еден информативен портал, кои се однесувале на организација на т.н. Парада на гордоста во Скопје.

Во коментарите повикувал на насилство и поттикнувал омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.

За стореното, Судот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 1 година, која нема да се изврши доколку за време од една година од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Пресудата XVII К-913/24 на Основниот кривичен суд Скопје е правосилна и извршна.

Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ги предвид европските стандарди за заштита од омраза и дискриминација, активно го следи постапувањето во овие предмети за што е назначен посебен јавен обвинител, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина актерот Лук Пери или Дилан од серијата „Беверли хилс“, по кој сите бевме „луди“

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска подготвуваше оброци во Народната кујна во Шуто Оризари

Редакција

На „Бехтел и Енка“ им фалат работници, колкави се платите?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница