еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Македонија и Србија го потпишаа договорот за „One Stop Shop“, систем со едно застанување и брза заедничка контрола на границите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Белград со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го потпишаа договорот помеѓу владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево, кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop Shop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

„Со имплементација на системот очекуваме за двојно да се забрза трансферот на луѓе, а по потпишување и ратификација на договорот ќе можеме да започнеме со тест фазата од аспект на техничко решение и се надеваме дека пред почетокот на летната сезона ќе можеме и официјално да го ставиме во функција и да го забрзаме протокот на луѓе.

Продолжува и понатаму одличната соработка со српската полиција во борба против сите видови криминал и во текот на оваа летна сезона ќе продолжи проектот за размена на полициски службеници на Србија во Охрид и македонски полициски службеници на настани коишто ќе се одржуваат во Србија,“ изјави Тошковски.

„One Stop Shop“ системот неодамна беше имплементиран со Косово на граничниот премин Блаце – Елез Хан, a ќе следува имплементација и со Албанија, така што Македонија ќе го има имплементирано овој систем со сите земји – соседи кои не се дел од Европската Унија.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре прeстанува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз

Редакција

На „Бехтел и Енка“ им се префрлени 176 или 179 милиони евра, вели директорот на ЈП за државни патишта

Редакција

(ВИДЕО) Албанскиот премиер Еди Рама на гласање во бермуди

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница