еМагазин
Image default
Македонија

Опремата за прислушување и документацијата од УБК ќе се префрлат во ОТА

Владата на денешната 97. седница, донесе одлука за формирање на Комисија за пренос на техничките уреди за следење на комуникации и на техничката документација од Министерството за внатрешни работи – Управа за безбедност и контраразузнавање во Оперативно-техничката агенција (ОТА).

„Комисијата, составена од претставници од МВР, од ОТА, од Врховниот суд, од Јавното обвинителство, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и од Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите, има за задача да ја утврди фактичката состојба на техничките уреди за следење на комуникации, како и на техничката документација, кои се пренесуваат од Министерството за внатрешни работи – Управа за безбедност и контраразузнавање во Оперативно-техничката агенција, да изврши попис на сите активни мерки за следење на комуникациите, како и да состави записник за извршената задача.

Формирањето на оваа Комисија е во функција на обезбедување гаранции за соодветна имплементација на законски решенија од кои произлегуваат и обврските Владата да ги овозможи сите услови за старт на работата на Оперативно-техничка агенција, до денот на започнување на примената на наведениот закон, односно до 1 ноември оваа година“, се вели во соопштението на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 200 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Штипските советници од СДСМ не ги потпишуваат свечените изјави додека не се корегираат со уставното име на државата

Редакција

Филипче: Мерките за заштита од Ковид-19 кои се во Собранието, мора итно да се донесат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница