еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Можна креативна дипломатија за ЕУ во Виена најави Сиљановска Давкова

Можна креативна дипломатија за закочениот европски пат на Македонија во Виена, Австрија, најави македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Радио Слободна Европа.

„Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за Европската унија (ЕУ) е политиката на проширување да се спроведе“, вели претседателката, според која министерката за европски и меѓународни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, која неодамна беше во посета на Македонија, разговорите за решавањето на овој спор, би сакала да се случат во Виена.

„Кретивна дипломатија, да. Нам ни е јасно дека преговарачката рамка е усвоена. Нам ни е јасно дека е тешко таа да се менува, иако случајот на Србија го покажа и поинаквото.

Затоа јас велам дека штом ние укажуваме на проблеми поврзани со нашето преговарање тогаш и ЕУ треба да вложи енергија креативно да овозможи наше напредување и мислам дека ова што го спомнувате е на таа линија.

Еве моите предлози што се: Европскиот Парламент може да донесе некаков акт за состојбите меѓу нас и Бугарија. Може исто така Советот да даде некакви инструкции.

Може, исто така, еве да се во некаков акциски план до историската бугарско – македонска комисија да се предочи, тие може да бидат слободни, но да внимаваат, иако вие велите дека е теорија. Не е теорија. Тоа се уставни акти на ЕУ, и тие треба да ги почитуваат не само во однос на членовите, туку и во однос на сите други. Значи да им се предочи.

Два протоколи потпишавме, така? Еве може уште еден, но да не можат да бидат основ за вето, туку дека ќе се разговара слично како што разговараа Германците и Французите, Полјаците и Германците за да видиме како низ интерпретација на решенијата можеме да дојдеме до конечен договор.

Да потенцирам, во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија нема ниту еден член ниту еден збор за уставни измени. Уставните измени никнаа од првиот и од вториот протокол“, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли средба помеѓу Македонија и Бугарија во Хаг на која ќе присуствуваат и преставници на ЕУ, НАТО и САД?

Се работи на деблокирање на европскиот пат на Македонија, рече Калас од Скопје

За Украина во ЕУ има план Б, за Македонија нема

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Билка“: Не може Вие да сте бизнисмен со огромен број растенија, а јас со три грама канабис да бидам криминалец

Редакција

Притвор за девет лица од приведените во полициската акција во Куманови и Скопје

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби мултимилионскиот тендер на „М.Ж. Транспорт“ за набавка на дизел гориво

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница