еМагазин
Image default
Локално

Продолжуваат подлите измами со огревно дрво

На 25.10.2018 година во  16.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Р.Т.(67) од село Волково, скопско, пријавила дека истиот ден околу 12.30 часот непознат сторител ја измамил за 8.000 денари, информира МВР.

Сторителот дошол до дворот и на неа и нејзиниот сопруг Р.Т. им понудил огревни дрва по цена од 2.500 денари од метар кубен. После тоа, нејзиниот сопруг со сторителот заминале да ги видат дрвата.

Кога стигнале, лицето му кажало на Р.Т. да го почека малку и дека бргу ќе се врател. Потоа, лицето отишло кај пријавителката и и кажал дека се договориле со нејзиниот сопруг  и дека треба да му даде 8.000 денари. Сторителот ги зел парите и заминал, а откако Р.Т. се вратил дома заклучиле дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е само еден од низата случаи на слични измами со огревно дрво во изминативе месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шумски пожар во близина на туристичката населба Елен Камен покрај Радожда, проблем е ветерот

Редакција

Драма во Скопје: Три лица нападнале и ограбиле две жени во нивниот дом

Редакција

Мајка преку класната дознала дека вулгарни фотографии од ќерка и кружат меѓу учениците

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница