еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Во нападот на синагогата во САД убиени 11 луѓе, смртна казна за напаѓачот

Бројот на жртви во вооружениот инцидент што се случи во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург се искачи на 11, а над десет лица се повредени, од кои шестмина полицајци.

Напаѓачот Роберт Бауерс (46) вчера влезе во синагогата и почна да пука и да вика „Сите Евреи мора да умрат“. Во синагогата за време на нападот имаше околу стоо луѓе.

Бауерс по пукањето се предаде на полицијата и е во притвор.

Американскиот јавен обвинител Џеф Сешенс најави дека Министерството за правда ќе подигне обвинение против Бауерс за злосторство од омраза и други злосторства кои би можеле да доведат до смртна казна.

Тој додаде дека таквите злосторства се за осуда и се во спротивност со вредностите на американската нација.

Фото/Видео:Star online

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вооружен напад во синагога во САД, убиени најмалку осум лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку 13 загинати, меѓу кои и деца, во смртоносни бури низ Европа

Редакција

(ВИДЕО) На Трамп му смеа светските лидери за време на неговиот говор во ОН

Редакција

Британскиот премиер Борис Џонсон не е повеќе на интензивна нега

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница