еМагазин
Image default
Локално

Тетовчанец намерно прегазил сограѓанин по „ситна“ сообраќајка

На 27.10.2018 година во 15,00 во СВР-Тетово, Ш.Б. (44) од с.Селце-Тетово, пријавил дека околу 12,10 часот на крстосница на ул.„М.Тито“ со ул.„Илинденска“ во Тетово, дошло до собраќајна незгода во која пријавителот кој управувал патничко моторно возило„Мазда 6“ со италијанска национална ознака, бил удрен од патничко моторно возило„Ауди А4“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.К.(55) од Тетово, информира МВР.

По незгодата, според пријавеното, М.К., излегол од возилото, го земал трепкачот кој му бил оштетен, влегол во своето возило и тргнал во правец на Ш. Б., при што го удрил во пределот на десната нога и го напуштил местото на настанот.

Пријавителот се упатил во Клиничка болница Тетово, каде му е констатирана телесна повреда. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово. М.К. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Тетово и Гостивар уапсени четири лица за поседување кокаин

Редакција

Во Скопје 509 санкционирани возачи, од нив 75 за пречекорена брзина

Редакција

МВР со детали: Претепани полицајци во „Шутка“ по пријавен обид за киднапирање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница