еМагазин
Image default
Македонија

Заев, Димитров и Дескоска на средба со новата пратеничка група за уставните амандмани

Новата независна пратеничка група формирана од осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кои гласаа „за“ пристапување кон уставни измени, денеска ќе имаат средба со премиерот Зоран Заев и министрите за надворешни работи и за правда, Никола Димитров и Рената Тренеска Дескоска, на која ќе се разговара за нацрт-амандманите на Уставот што Владата треба да ги достави до Собранието.

Пратениците ја потврдија средбата и посочија дека ќе се разговара за уставните амандмани во согласност со нивните барања за зајакнување на идентитетот, за одложена примена на името Република Северна Македонија по влезот на ЕУ и за ништовност на уставните измени доколку Грција не ја ратификува спогодбата.

Во Собранието до пладне не беа пристигнати нацрт-амандманите за уставните измени и нема официјални најави кога би можело да се случи тоа. Претпоставките се дека ќе се чека исходот од разговите со новата пратеничка група. Владејачките партии очекуваа разговори и со опозициската ВМРО-ДПМНЕ но тоа, барем официјално, не се случи.

Петнаесетдневниот рок за доставување на нацрт амандманите истекува во петок.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канческа Милевска координаторка на новоформираната независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никогаш не сум кажал дека Бугарија била администратор во Македонија, вели Заев

Редакција

Таткото на ракометарот Денис Тот: Од денот кога се случи убиството, за нас животот застана

Редакција

Министерството за правда ги објави имињата на учесниците во работната група за уставните измени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница