еМагазин
Image default
Македонија

СЈО заврши со изведувањето докази за уривањето на „Космос“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешното рочиште за предметот „Т.Н.Т“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, заврши со изведувањето на материјалните докази.

Судијата Огнен Ставрев ново рочиште за „Т.Н.Т“ закажа за 15 ноември кога одбраната треба да изнесе забелешки на доказите на СЈО, а ќе бидат повикани и пет сведоци.

Обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми на денешното рочиште заврши со деталното читање на 129-те од вкупно 684 докази, што се од суштинско значење за овој предмет.

Притоа, тој презентираше договори, анекси, одлуки, барање на мислења и елаборати во врска со комплексот „Космос“, како и СМС пораки меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски и сега покојниот Фиданчо Илиевски што се однесуваат на рушењето на „Космос“.

Адвокатката Тања Попоски – Булоски побара изземање на вештото лице Мирослав Грчев, и како што рече, причините за тоа ќе ги изнесат и поткрепат со докази на следното рочиште.

На денешното рочиште за „Т.Н.Т“ покрај Јанакиески и Трајковски присутен беше и обвинетиот поранешен премиер Никола Груевски.

Според обвинението на СЈО за случајот „Т.Н.Т“ обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Министерот Бектеши во Тирана корегираше новинарка, не бил „македонски“ министер

Редакција

Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави, апелира Филипче

Редакција

Заврши и расправата за измените на Законот за одбрана, и тој ќе се гласа утре

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница