еМагазин
Image default
Македонија

Поради отсуство на Шабани, „Тендери“ на СЈО одложено за 9 ноември

Поради отсуство на претседателот на судeчкиот совет Осман Шабани, рочиштето за предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство е одложен за 9 ноември 2018 година. На следното судење треба да бидат сослушани двајца сведоци.

Во предметот првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Според обвиниението дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 206 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Поранешниот заменик министер за образование и наука, Атанасов дал оставка од ЦО на СДСМ

Редакција

Антикорупционерите се пожалија на условите за работа: Институциите незаинтересирани и бавни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница