еМагазин
Image default
Локално

Инвеститорот на зградата кај „Мајчин дом“ најавува дека ќе изгради нов парк во Аеродром

Сопственикот на зградата што треба да се гради кај „Мајчин дом“ во општина Аеродром денеска преку соопштение најави дека ќе вложи средства во изградба на нов парк во општината.

-Ова е наш придонес за општината и граѓаните. Нашата компанија е општествено одговорна и сакам да обезбедиме подобри услови за живеење во Аеродром. Стојам на располагање и за други еколошки проекти во општината и во процесот сум спремен целосно да ги вклучам граѓаните, вели сопственикот Фатмир Етеми.

Тој најави продолжување на градежните активности на плацот пред „Мајчин дом“ откако вчера Уставниот суд не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДИП И-10, а потоа и од општина Аеродром соопштија дека се исцрпени сите механизми за да се стопира изградбата на објектот.

Во соопштението од компанијата „ЗСФ-КОМ“ чиј сопственик е Етеми се наведува дека во разговор со надлежните институции заклучено е дека нема начин да му се надомести штетата која е проценета на повеќе од осум милиони евра или да му се обезбеди заменска парцела со приближна вредност.

Зградата кај „Мајчин дом“, како што ветуваат од компанијата, ќе биде целосно енергетски ефикасна, со вертикално и хоризонтално зеленило и посебен систем за одржување.

-Дополнително инвеститирот ќе обезбеди 100 високоизраснати дрва и целосно партерно уредување на плацот околу „Мајчин дом“, се наведува во соопштението.

Против изградбата на зградата кај „Мајчин дом“ протестираа локалните жители по што општина Аеродром издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи.

Од општината претходно информираа дека ДУП И-10 со кој е опфатена оваа зграда е донесен тајно и без дебата од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски вестерн: Вооружени лица ја ограбиле патарината кај Глумово

Редакција

Куманово воведе дополнителна телефонска линија за ранливи категории граѓани

Редакција

Драма во маркет во Охрид: Повредена продавачка што му се спротиставила на разбојник

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница