еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е Зоран Ангеловски, првиот директор на ОТА, која ќе го следи прислушувањето

Зоран Ангеловски е првиот директор на новоформираната Оперативно техничката агенција (ОТА), која ќе има задача да го следи прислушувањето, кое повеќе нема да биде во Управата за безбедност и контраразознавање (УБК), а која почна со работа од вчера.

Формирањето на оваа агенција беше една од клучните препораки на експертската група на Прибе, како начин да се спречи злоупотребата со прислушувањето на телефонски разговори.

Што пишува во неговата биографија?

Ангеловски дојде на оваа позиција откако претходно беше избран со двотретинско мнозинство на пленарна седница во Собранието.

За оваа функција беа пријавени 14 кандидати, а тој на крај од собраниската Комисија за избори и именувања, беше едногласно предложен за директор на ОТА.

Ангеловски според неговата биографија дипломирал на Факултетот за безбедност и самозаштита.

До 1990 година работел како телекомуникациски техничар во Министерството за одбрана, а потоа до 1998 година бил инспектор во УБК.

Потоа заминал во Агенцијата за разузнавање, каде бил инспектор во Одделот за тероризам.

Во 2005 година, Ангеловски станал директор за корпоративна безбедност во Телеком, каде останал до 2008 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ќе работи ОТА?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски на 12 мај

Редакција

АХВ нареди итно повлекување на виршли „Вуди“ поради присуство на бактерија

Редакција

(Видео) Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница