еМагазин
Image default
Македонија

Притвор за двајца учесници во вооружената престрелка во Куманово

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од деветмината кои се гонат за вооружената престрелка во Куманово, во која животот го загуби едно лице.

-Двајцата осомничени се гонат за сторено кривично дело – убиство. Јавниот обвинител ценеше дека за обезбедување на присуство на двајцата осомничени, како и заради натамошно обезбедување на непречен тек на постапката има потреба од определување на мерка притвор. Затоа до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово достави предлог, што потоа со решение на судот е прифатен и на двајцата осомничени им е определен притвор во времетраење од 30 дена, соопшти Јавното обвинителство.

Останатите седум осомничени јавниот обвинител ги гони за сторено кривично дело – насилство.

Престрелката се случи на 31 октомври 2018 година на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово, како што претходно информираа од Обвинителството, беше последица на нарушени меѓучовечки односи меѓу две семејства.

По употреба на огнено и ладно оружје, едно лице го загуби животот, а друго се здоби со убодни рани од нож. Во престрелката учествуваа девет лица, а се преземаат дејствија за утврдување на евентуално учество и на други, засега непознати лица.

Истражната постапка продолжува со прибирање на материјални и вербални докази за целосно расчистување на кривично правниот настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени девет лица за престрелката во Куманово

Вербална расправија меѓу две семејства во Куманово: Едно лице убиено

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена 3.561 нови случаи на Ковид-19, оздравени 1.450, починати седум лица

Редакција

„Бомбите“ може да бидат доказ и ако Обвинителството преземе дел од случаевите на СЈО, вели Русковска

Редакција

(Видео) Притвор за командирот на шумската полиција во Битола за примање поктуп

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница