еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И АСНОМ и Рамковниот договор во Преамбулата на Уставот: Што пишува во нацрт-амандманот

Четирите нацрт-амандмани со кои ќе се менува Уставот, што е предвидено со договорот за името со Грција, откако беа усвоени од Владата, се веќе пристигнати во Собрание и за нив ќе се дебатира на пленарна седница во Парламентот на 1 декември.

Еден од амандманите се однесува и на измени на Преамбулата на македонскиот Устав.

„Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да““, стои во нацрт-амандманот.

Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, се вели во образложението.

„Заради усогласување на текстот на Преамбулата со Договорот со Грција, во Преамбулата се вршат соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија при наведувањето на државно-правните традиции, се именуваат конкретни документи на АСНОМ, односно се внесува Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ.

Исто така, во Преамбулата се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој веќе е вграден со уставните амандмани од 2001 година“, стои во образложението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Сите детали: Што пишува во уставните амандмани што ги усвои Владата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извршителката која го нападна новинарот Салиу физички нападнала и полицаец

Редакција

Спасовски: МВР без налог на обвинителството и судот не може да знае каде е Јанева

Редакција

Борците од НОБ навредени од Заев и од омаловажувањето на нивната борба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница