еМагазин
Локално

Товарен воз удри во автобус во скопско: Двајца повредени

На 04.11.2018 година околу 10,15 часот во село Свиларе, скопско на патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево, се случила железничка незгода во која товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од село Грчец, скопско, информира МВР.

Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош. Железничкиот сообраќај бил во прекин во времето од 10.15 до 15.20 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Превртен автомобил на Партизанска, удрил во жардињера

Редакција

МВР со детали: Приведен личниот возач кој сакал да изнуди 150.000 евра

Редакција

Драма во Прилеп: Со закана со пиштол ограбиле бензиска пумпа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница