еМагазин
Image default
Свет

Јапонија: Најголем број самоубиства на млади од 1986 година

Рекорден број јапонски деца извршиле самоубиство во изминатиот период, соопшти денеска јапонското Министерството за образование.

Во фискалната година 2016/7 до март, 250 деца од основно и средно образование си ги одзеле животите. Тоа се пет повеќе самоубиства во однос на минатата година, и е најголем број од 1986 година, јави Би-Би-Си.

Децата најчесто се одлучуваат на тој чекор поради семејни проблеми, грижи за нивната иднина и врсничко насилство. Но училиштата велат дека причините за околу 140 смртни случаи се непознати, бидејќи учениците не оставиле проштално писмо..

Повеќето од оние кои си ги одзеле животите биле во средно училиште.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекорд: Лани во светот потрошени 2.240 милијарди долари за воени трошоци

Редакција

Нов рекорд: 300.000 луѓе низ светот заболени од Ковид-19 за еден ден

Редакција

(Видео) ЕУ ѝ ветува на Украина забрзано членство: Фон дер Лајен на Зеленски му врачи прашалник

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница