еМагазин
Image default
Бизнис

Трета среќа: Владата ќе ги олеснува критериумите во повикот за субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании

Владата ќе објави трет јавен повик за нискобуџетните авиокомпании, но овој пат со олеснети критериуми.

Портпаролот Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција информираше дека авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26 март 2019, а не до 10 јануари, како што се бараше во претходните два огласа.

– Првите два повика беа неуспешни поради неисполнување на условите од тендерската постапка. Очекуваме овој трет повикот да биде успешен во интерес на граѓаните и тие ќе можат целосно да ги користат бенефитите од нискобуџетните летови – рече Бошњаковски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Солидарен данок не платиле 52 компании, ќе им бидат блокирани сметките на 24. ноември

Редакција

Останува отворена само Богородица до 22 часот, овие се сите услови и правила за влез во Грција

Редакција

Штипски Макпромет лани со добивка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница