еМагазин
Image default
Македонија

Илија Димовски: Да се определи рок до кога ќе важи новото име, во случај да се распадне ЕУ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска на расправата во Собранието за уставните измени, испорача два предлога до Владата во однос на уставните измени – тие да се ограничат со рок до кога да важат во случај да дојде до распаѓање на Европската Унија и, второ, во преамбулата барем на две места да не се додаде придавката северна, пренесува А1он.

Димовски својот предлог го нарече забеган, фанатичен и романтичен, но потенцира дека е важно да се напомене оти промената на уставното име се прави заради членство во ЕУ и НАТО и дека, според него, ниту Владата не е среќна што предлага вакви амандмани, па оттука смета дека е добро да се прецизира до кога би важеле уставните измени.

На ова премиерот Зоран Заев одговори дека целиот процес се прави за подобра и постабилна иднина на државата и на сите граѓани не само заради членството во ЕУ и НАТО.

Извор: А1он/Фото: Фејсбук/Димовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ одложено поради неприсуство на Илија Димовски

Редакција

(Фото) Етничката припадност влезе во изводите на родени, венчани и починати

Редакција

Додека Македонија и „фаќа сеир“ за Груевски, Владата разгледуваше ценовник за отстрел на дивеч

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница