еМагазин
Image default
Бизнис

Групата „Современ дом“ ја зголеми добивката

Групата „Современ дом“ АД Прилеп периодот од 01.01 до 30.09.2018 година оствари вкупни приходи од 156.252.000 денари кои се помали за околу 3 % во однос на истиот период во 2017 година, а вкупните расходи изнесуваат 125.958.000 денари и иститие се помали за околу 9 % во однос на истиот период во 2017 година, соопшти групата преку Македонската берза.

„Во овој период остварен е позитивен финански резултат во бруто износ од 22.219.000 денари и споредбено со истиот период од минатата година зголемен е за околу 42 %.

Групата „Современ дом“ АД Прилеп планира да го задржи трендот на остварување на позитивен финансиски резултат и во последниот квартал од 2018 година, со стратешка определба на зголемување на обемот на работата“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради зголемен обем на работа: Царинската управа распиша оглас за вработување на 78 лица

Редакција

Европа со намалена добивка во првите девет месеци

Редакција

Што пишува во биографијата на новите вицегувернерки на Народната банка?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница