еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбиени жалбите: Груевски треба да се јави во затвор

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги одби жалбите на Никола Груевски и на неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да се јави во затворот „Шутка“ за издржување на двегодишната затворска казна за предметот Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Тенк“.

Решението е испратено до странките во постапката и е извршно веднаш по приемот од странките.

„По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме јавноста, дека Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството
означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции“, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски останува пратеник: Собранието не му го одзеде мандатот

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за предвремени парламентарни избори

Редакција

Партиите една година без договор за иднината на СЈО, погодете зошто

Редакција

Телефонски разговор Ковачевски – Шмигаљ: Украина ја има нашата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница