еМагазин
Image default
Македонија

Кабинет на Орбан: Унгарија досега нема добиено официјално барање за екстрадиција на Груевски

Унгарија досега не добила официјално барање од Македонија за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, соопшти Кабинетот на претседателот на унгарската Влада, Виктор Орбан.

Од македонското Министерство за правда вчера соопштија за МИА дека се подготвува потребната документација за екстрадицијата, откако кај нив стигнало известување од Министерството за внатрешни работи дека Груевски се наоѓа во Унгарија.

За екстрадиција на Груевски потребни се документи од Судот односно правосилна пресуда, извадок од КЗ за описот на делото и застареноста на кривичното гонење, односно за извршувањето и барање од Судот до надлежниот орган во државата каде што треба да се постапи за екстрадиција.

Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот со набавката на луксузниот мерцедес, побегна во Будимпешта каде побара политички азил.

Од прес-службата на Кабинетот на премиерот Орбан, вчера соопштија дека унгарските власти го разгледуваат барањето за азил.

– Со оглед на тоа дека десетина години беше премиер, поради безбедносни причини унгарските власти дозволија Никола Груевски барањето за азил да го достави и биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта. Канцеларијата ќе спроведе постапка за проценка на барањето за азил во согласно унгарското и меѓународното право, се наведува во соопштението.

МИА/ Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски поднел барање за азил во Унгарија од трета земја

Сијарто до Димитров: Барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање

Димитров до Сијарто: Парадоксално е барањето азил во земја на ЕУ од личност во чие владеење Македонија беше „заробена држава“

Министерството за правда ја комплетира документацијата за екстрадиција на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе откријат ли „бомбите“ кои се сторителите на петкратното убиство кај Смилковско Езеро

Редакција

(Табела) Најмногу вакцинирани со една доза во Неготино, Охрид и Кавадарци

Редакција

Денеска пристигнува првата пратка вакцини од Србија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница