еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Започна собирање податоци за состојбата на децата и жените во земјата

Државниот завод за статистика, во партнерство со УНИЦЕФ и УНФПА, викендов започнува со собирање податоци за состојбата на децата и жените во земјава, во рамките на една од најголемите меѓународни програми за истражување во домаќинствата, шестата серија на Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС), што е поддржано од УНИЦЕФ во светски рамки.

„Ги повикуваме сите домаќинства да ги отворат вратите на нашите анкетари, бидејќи со овие податоци земјата и понатаму ќе развива политики и насочени интервенции што се потпираатна информации со цел да се подобри состојбата на жените и децата во земјата,“ рече  Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

МИКС е сеопфатен извор на податоци за жени и деца, со кој се обезбедуваат споредливи показатели за исхрана, рани бракови, детски труд, функционалност на децата и возрасните (попречености), ран детски развој, образование и другите сфери што влијаат на благосостојбата на децата.

Единствен е бидејќи со него се обезбедуваат споредливи и расчленети податоци со кои земјите ги идентификуваат јазовите во правичност и ги идентификуваат конкретните групи што се изоставени.

„Како што проблемите кои не се проценети остануваат нерешени, така постои ризик да се изостават децата кои не се изброени. Информациите се неопходни за надминување на јазови во податоци, за полесно донесување одлуки врз основа на докази, и за поттик на актуелните реформи во земјата и реформите кои се во тек. Со нив треба да се постигне и трансформација – неповратни промени за подобро утре на сите деца и жени во земјата“, рече претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.

Собирањето податоци ќе се врши од 16 ноември 2018 до март 2019 година во 6.240 домаќинства во земјата одбрани по случаен примерок. Методологијата подразбира интервјуа лице во лице што ќе ги вршат обучени анкетари.

Последното истражување за МИКС во земјата се спроведе со поддршка на УНИЦЕФ во 2011 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сексуалните работници со марш побараа итна и неодложна декриминализација на сексуалната работа во Македонија

Редакција

Стабилно и многу топло време следниве денови, од четврток услови за нестабилност и локален пороен дожд

Редакција

(Фото) Пендаровски со семејството на велигденска литургија во храмот „Свети Никола“ во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница