еМагазин
Image default
Локално

Град Скопје почнува присилна наплата за неплатена фирмарина

Град Скопје соопшти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за 2017 година.

„Сите таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги намират своите обврски. Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, таксениот обврзник може да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16, секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Оттаму потсетуваат дека уште во март годинава се испратени опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје.

Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготвил решенија за присилна наплата кои се доставени до таксените обврзници.

Доколку по ваквото решение не се постапи, се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки, информираат од Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, седуммина приведени

Редакција

29-годишно момче од струмичко Дабиле исчезна во водите на браната кај Дрвош

Редакција

Величковски нов началник на СВР Штип, Јаковлевски на ОВР Кочани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница