еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Неизбежно место за посета: Ботаничката градина во Скопје крие богатство од егзотични растенија

Неодамна официјално беше отворен реконструираниот стакленик од Ботаничката градина во Скопје која се наоѓа во состав на Ботаничкиот завод на Институтот за биологија при Природно – математичкиот факултет.

Иницијативните активности поврзани со ботаничката градина датираат од 1948 година, кога по барање на Катедрата по биологија Управата на градскиот парк во Скопје отстапила простор за нејзино формирање. Подоцна во 1951 година, со оградувањето на околу 14 ха земјиште се зацртуваат границите на просторот наменет за ботаничката градина.

Ботаничката градина претставува единствен објект од ваков вид во градот Скопје и пошироко во Република Македонија. Со својата дејност и местоположба таа прераснува во значајна институција од наставно – научен, едукативен, културен и рекреативен карактер.

Во ботаничката градина можат да се сретнат многу растителни видови, пред се од дендрофлората, која е застапена со околу 200 видови со различно географско потекло, а не е мал бројот и на автохтоните и алохтоните тревести видови, организирани во посебни систематски полиња.

Фото: Фејсбук/Ботаничка градина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што ќе значи вонредната состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните

Редакција

И во Албанија стопирани американските проекти, по наредбата на Трамп

Редакција

Динерс Клуб Македонија – првата финансиска институција со одобрение за извршување платежни трансакции со платежни картички при Народната банка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница