еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Експериментална работилница за дизајн на производи на Skopje Design Week 2018

Од 17 до 22. ноември во рамките на Скопската Недела на Дизајн се одржува меѓународна работилница за дизајн на производи, а сите изработени предмети ќе бидат изложени и промовирани за време на годинешниот фестивал.

На експерименталната работилница, македонски дизајнери и архитекти заедно со осум мастер студенти од Факултетот за продукт и моден дизајн при Универзитетот за уметност од Берлин (Univerzität Der Künste Berlin), предводени од светски познатата дизaјнерка и нивни професор, Инеке Ханс, изработуваат нови решенија за домаќинство и угостителство.

Учесниците работат во керамичкото студио Липа лоцирано на Матка, каде своите идеи ќе ги реализираат во керамика и трска, а со нив ќе работат и архитектката и керамичарка Анета Поповска и виртуозот за плетење трска на разбој Петар Благојевски.

Оваа активност е во рамки на програмата Германија – земја во фокус, со која се тежнее на повеќе нивоа да се оствари соработка помеѓу германските и локални образовни институции, да се развие соработка помеѓу германски дизајнери и производни компании од Македонија, да се отворат можности за пласман на македонски дизајн производи на германски саеми и слично. Програмата е поддржана од Амбасадата на СР Германија во Скопје.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавнасоба – Центар за дизајн и иновација. Програмските активности на фестивалот се одржуваат во Јавна соба и Лукс секој ден од 21 до 25 ноември од 10:00 до 01:00 часот, а влезот е слободен за сите посетители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија заедно со младите креираат онлајн кампања за побезбеден интернет простор

Редакција

Black Friday во БК мебел попуст до 50 проценти

Редакција

На годинешниот Фестивал на младо вино во „Тиквеш“ собрани над 154.000 денари за поддршка на училиште за талентирани деца изложени на социјален ризик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница