еМагазин
Image default
Локално

Кривични пријави за полицајци кои претепале момче од Охрид

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С.(39) од село Подгорци, струшко и Г.К.(47) од село Пештани, охридско, полициски службеници во Полициската станица Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,малтретирање во вршење на службата” и „тешка телесна повреда”, информира МВР.

На 21.07.2018 година околу 04.00 часот на улица „7-ми Ноември“ во Охрид, при преземање на службени дејствија во врска со претходно пријавен настан, пријавените примениле средства за присилба при лишување од слобода на Б.Н.(18) од Охрид поради давање на отпор од него.

Притоа, пријавените средствата за присилба ги употребиле несразмерно и неправилно и на Б.Н. му нанеле тешка телесна повреда. Против осомничените полициски службеници поведена е дисциплинска постапка пред надлежната комисија за сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина и истите се отстранети од работното место до завршување на постапката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска поголем број автобуси на ЈСП: Дел од линиите по летен возен ред

Редакција

21-годишна девојка и 22-годишно момче се загинатите во несреќата кај Ботун

Редакција

Во казино во скопски Капиштец убиен 46-годишен жител на Арачиново

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница