еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков од затвор донесен на судење за „Трезор“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска со полициска придружба беше спроведен во Кривичниот суд од затворот Скопје каде што издржува 30-дневен притвор.

Мијалков денеска е на обвинителна клупа за случајот „Трезор“ за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање на Специјалното јавно обвинителство.

Покрај Мијалков во „Трезор“ се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

Според обвинителниот акт, со основниот договор буџетот на РМ бил оштетен за над 13 милиони денари, додека, пак, со двата анекса за дополнителни 13 милиони и 222 илјади денари, со што државата ја оштетиле за околу 27 милиони денари.

МИА/Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис ја повика македонската Влада да ги почитува обврските од Договорот од Преспа

Редакција

Поранешниот припадник на ОВК, Рамадани нема да биде екстрадиран во Србија, останува во домашен притвор

Редакција

41 прекршување на полицискиот час, 401 казни за неносење маска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница