еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) Семејната компанија „Завар“ прослави 30 години постоење: Кога од иноксот создавате уметност

Македонската семејна компанија за заварување и производство на производи од инокс „Завар“ прослави 30 години постоење. Најголемиот успех на оваа компанија е што стана лидер во својата област во Југоисточна Европа, а 90 проценти од производтсвото им е за извоз.

Тие се првата компанија кои го донесоа иноксот во Македонија и оттука, нивната работа и производство се шират. Постојано соработуваат со „Алкалоид“ и „Макстил“.

Понатаму, се развиваат и во еден друг сегмент, а тоа е дизјанот. Се раѓа „Завар дизајн“ и за пет години прават „бум“ со нивните радијатори кои се вистинска уметност.

Оваа иновативност беше препознаена од светот, па така радијаторите на „Завар“ станаа помеѓу најиновативните во светот. Можете да ги сретнете и во роматична вила на Алпите. На Саем во Њујорк, имаа одличен одзив од публиката, а добија и награда.

Сертфицирани со сите можни сертификати за производството, нема ограничување за работата и извозот. Од двајца, денеска компанијата има околу 50 вработени, а нејзин генерален менаџер е Марта Наумовска Грнарова.

Прославата на роденденот се одржа во Македонска филхармонија, на која, компанијата и подари скулптура која ќе го разубавува просторот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео/Галерија) На прославата на компанијата „Завар“, Џијан Емин со концерт на инструменти изработени во фабриката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациентката на која вчера и беше трансплантирано срце е во стабилна состојба

Редакција

„Линк медиа плус“ го доби тендерот за новогодишно украсување на Скопје „тежок“ 260.000 евра

Редакција

Ќе добие ли Заев уште еден советник од Србија: Ќе прифати ли Чедомир Јовановиќ да работи за македонскиот премиер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница