еМагазин
Image default
Балкан

Необичен случај во Грција: Таксист обвини актер дека го силувал под дејство на дрога

Грчкиот актер Giorgos Karkas заврши во затвор откако полицијата најде неколку типови на дрога во таксисто со кое се возел, а меѓу нив и ликвид, позната и како „дрога за силување“.

Актерот е обвинет од возачот на таксито и за силување со „предмет„, (потврдено и од лекар), најверојатно вибратор, пишуваат грчките медиуми, кои не го губат интересот за овој необичен случај кој се случи пред неколку дена, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Што всушност се случило никој со сигурност не може да каже. Таксистот го обвинува актерот дека му ставил дрога во кафето додека се возеле, а двајцата на крај завршиле во болница, откако актерот се онесвестил од различните типови на дроги кои ги зел, а некои од нив и во самото возило, тврди таксистот.

Во болницата таксистот и актерот предизвикале инцидент, по што дошла полиција и ги нашла дрогите во возилото.

Пред да стигнат до болница заедно биле во секс-шоп, да јадат и во парк во Атина каде се собираат хомосексуалци.

Актерот ги негира сите обвинувања.

Фото: protothema.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) На 96-годишна возраст почина познатиот грчкиот композитор Теодоракис, авторот на „Гркот Зорбас“

Редакција

Границата со Грција останува затворена до 30 ноември

Редакција

(Видео) Мајстор од БиХ стана хит на Интернет: Откако не му платиле, искрши се што направил

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница